Пред две недели се појавија информации дека Xiaomi работи на смартфон способен да снима 8K видео во 30fps. Сега, по објавувањето на првата MIUI 11 бета, тимот од страницата XDA Devlopers откри копче за освежување во рамките на поставките на дисплејот, кој има опција за 120Hz.

Ова потврдува дека Xiaomi навистина работи на телефон со висока стапка на освежување, кој досега се појавуваше само кај гејминг моделите како што се два Razer уреда или Asus ROG Phone II.

Покрај екранот со висока стапка на освежување, се чини дека Xiaomi ќе понуди и подобрени телефото сензори кај своите претстојни уреди. Менито за камера апликацијата во MIUI 11 открива поддршка за нов телефото сензор со 5x оптичко зумирање. Покрај тоа, тука е и новиот режим на ултра-телефото што ќе нуди до 50x дигитален зум.

Засега нема информации за тоа дали истиот телефон, кој ќе нуди 8К видео снимање на 30fps, ќе има и телефото камера и освежување на екранот од 120Hz.