Стриминг платформата Disney+ наскоро ќе биде достапна и за корисниците во Македонија. Компанијата денеска објави дека ќе ги понуди своите услуги на уште 42 држави и 11 територии. Компанијата „Волт Дизни“ не откри кога Disney+ ќе почне со работа во овие држави и која ќе биде цената на претплатата.
Освен Македонија на листата нови земји се и Јужна Африка, Турција, Полска, Обединети Арапски Емирати, но и земјите во регионот: Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Косово и Србија.
Disney+ почна да работи во САД, Канада и Холандија во ноември 2019 и е директна конкуренција на „Нетфликс“. Поради намалениот број претплатници во Северна Америка, компанијата се посвети на светска експанзија. Во понудата на Disney+ се филмови и серии кои ги снимаат „Дизни“, „Пиксар“, „Марвел“, „Војна на ѕвездите“ и „Нешнал џиографик“, а дополнително компанијата вложува стотици милиони долари во снимање оригинални филмови и серии.