Redmi претстави два Smart TV X 2022 модела, а во прашање се телевизори од 55 и 65 инчи. Двата телевизори имаат 120Hz модели и функции насочени кон гледање спортски и гејминг содржини.

Двата модела имаат HDMI 2.1 портови со поддршка за VRR (варијабилна стапка на освежување) благодарение на FreeSync Premium. Auto Low Latency Mode е исто така поддржан, така што ТВ уредите автоматски се префрлаат на гејминг мод со латенција од само 4ms, кога ќе се поврзе на конзола или PC. Доколку се гледа видео или live TV, содржината може од телевизорот да се префрли во 120 fps.

4K екраните поддржуваат HDR и Dolby Vision, имаат 94 проценти покриеност на DCI-P3 спектарот на бои sи пристигнуваат со добра калибрација. Двата смарт телевизора го користат MIUI за TV 3.0, а ги покренува чипсет со четири Cortex-A73 јадра. Се одликуваат и со 3GB RAM и 32GB простор за складирање.

Телевизорите имаат вградени два 12.5W звучника со поддршка за Dolby Atmos. Исто така, микрофоните можат да го детектираат гласот на корисникот на далечина, за внес преку гласовни команди. ТВ уредите ги краси дизајн од метал, вклучувајќи го и сталакот.

Redmi Smart TV X 2022 ќе се најде во продажба од 31. октомври. Моделот од 55 инчи ќе чини во Кина околу 420 долари, додека 65-инчниот модел ќе има цена од околу 55 долари.