Automotive News Europe го цитира извршниот директор Лука де Мео: „Renault ќе биде 100% електричен во Европа во 2030 година“, со што се поставува краен рок кој е во склад и со роковите поставени од Ford, Peugeot и Fiat, меѓу другите
Претходно, од Renault беште објавено дека целосно електричните возила ќе сочинуваат 90% од гамата на брендот до 2030 година.
Новата најава доаѓа како дел од извештајот за радикалната стратегија за трансформација Renaulation за Renault Group, според која компанијата ќе лансира 24 нови возила до 2025 година, ќе ја прошири понудата на електрични возила и ќе го репозиционира Alpine како спортски EV бренд.
Треба да се напомене дека според Лука Де Мео Dacia на електричен погон ќе се префрли „во последен можен момент“ за да ја задржи својата прифатлива структура на цени, што значи веројатно по 2030 година.
Оваа најава доаѓа додека Renault се подготвува да го лансира новиот електричен Megane E-Tech, најавениот „5“ супермини и компактната „четворка“ како додатоци на семејството на електрични возила од новата ера.