Sony одлучи да објави официјално видео од расклопувањето на PlayStation 5, што ни дава увид во внатрешноста на конзолата на следната генерација.

За почеток, PlayStation 5 го краси сложен систем на ладење. Тука е 120мм вентилатор што вовлекува воздух од двете страни, како и проводник на топлина чиј облик и проток на воздух наводно формираатр ладење какво што се очекува од парна комора. Дури се користи и течен метал за прооводен материјал на осмојадрениот процесор на AMD, за да се обезбедат долгорочни перформанси на ладење.

Расклопувањето на конзолта покажува и дека корисниците нема да имаат проблем доколку посакаат да додадат уште еден SSD. Двата закривени бели панела лесно се вадат, откривајќи простран SSD слот, каде може да се инсталира PCIe 4.0 M.2 драјв. Замената на 825GB достапниот простор за складирање нема да биде можна, бидејќи е вградено во матичната плоча на конзолата.

Расклопувањето на PS5 конзолата дава добар увид и во самиот процесор, 16GB GDDR6 меморија, како и прилагодениот SSD контролер. Вградено е и напојување од 350W, па на задната сттрана на конзолата нема да има грд слот за PSU.

Sony очигледно бил заинтересиран за дизајн што покрај тоа што е моќен и работи брзо, овозможува и тивка работа. Останува само да ги видиме деталите на интерфејсот на PlayStation 5, кој се уште е мистерија.