Компанијата Vivo официјално претстави два нови смартфони од V серијата, а тоа се V23 и V23 Pro.
Посебно внимание привлекува V23 Pro Sunshine Gold бидејќи има способност да ја менува бојата која целосно се менува кога уредот е изложен на сончева светлина. Viva тврди дека биле потребни две години за да се развие материјалот што ја дава оваа можност. Ако телефонот се остави на сонце 30 секунди, тој ќе ја промени бојата во комбинација од сина и зелена, а потоа на крајот ќе ја врати златната боја.
V30 и V30 Pro имаат две селфи камери во засекот на екранот, од кои главната е 50, а ултрашироката 8 MP. Системот за селфи камера поддржува и автоматско фокусирање на очите. V23 Pro има главна задна камера од 108 MP, додека кај V23 тоа е камера од 64 MP. Покрај тоа, двата уреди имаат ултраширока камера од 8 инчи и макро сензор од 2 MP.
V23 Pro доби 6,56-инчен OLED екран со резолуција од 1.080p и стапка на освежување од 90Hz. Страните на уредот се рамни, слични на iPhone 12 и 13. Друга голема разлика помеѓу двата модели е процесорот бидејќи V23 работи со MediaTek Dimensity 920 и V23 Pro Dimensity 1200.
Vivo ќе ги лансира своите нови паметни телефони на азискиот пазар, но се очекуваат и во Европа. Во конфигурацијата со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, V23 ќе се продава за околу 400 долари, а со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија за околу 470 долари.
V23 Pro исто така ќе ги нуди истите конфигурации по цена од околу 520 и 590 долари.