Apple подготвува неколку модели кои ќе ги претстави во текот на следната година, вклучувајќи го и потенцијално најинтересниот 27-инчен iMac Pro. Кон средината на оваа година, Apple полека почна да ја намалува испораката на iMac Pro моделите базирани на Intel платформата, бидејќи беше донесена одлука хардверот да се префрли на сопствените M1 Pro и Max решенија.
Дури и во поглед на дизајнот, новиот M1 iMac Pro ќе донесе одредени промени, како оние направени кај MacBook Pro моделите. Иако првично беше најавено, новиот iMac Pro нема да биде опремен со Mini LED дисплеи со динамично прилагодување на брзината на освежување помеѓу 24Hz и 120Hz. Наместо тоа, ќе добие екран со потенко куќиште и 30-40% повеќе LED диоди кои ќе овозможат приказ на значителни посветла слика. Процесорите со Intel x86 архитектура се заменети, а домашните решенија M1 Pro и M1 Max треба да понудат подобри перформанси. Бидејќи новите процесори имаат специфично решение за RAM меморија, iMac Pro ќе стартува со 16GB додека во максималната верзија ќе нуди 64 GB брза DDR5 меморија.
Новиот M1 iMacPro ќе нуди повеќе разновидни опции за поврзување со компјутерот во однос на конвенционалниот M1 iMac, бидејќи ќе биде опремен со четири Thunderbolt портови, задолжителен LAN конектор и читач на SD мемориски картички за целосно да ги задоволи потребите на професионалните креативци.
Во поглед на надворешниот изглед, практично стилски ќе ја продолжи M1 iMac линијата, и ќе користи поразновидна шема на бои и ќе користи променет распоред на внатрешната структура, поради употребата на нов систем за ладење кој е во согласност со потребите на M1 Pro и Max процесорите. Првите iMac Pro модели треба да се појават на пазарот во првата половина од следната година.