Според зборовите на Константин Сивков, припадник на Руската академија за ракети и артилерија и капетан на руската војска, нашата цивилизација мора да се подготви да ги одбие сите напади од вселената.

Сивков вели дека се уште нема потреба да се браниме од вонземјаните, но мора да се создаде оружје против астероидите кои и се закануваат на Земјата.

Рускиот офицер и сугерира на меѓународната заедница дека мора да се работи на создавање оружје кое има способност да ги одбие потенцијално опасните небески тела.

-Во споредба со опасноста од изумирање на човекот како биолошки вид, сите наши геополитички судири се “детска игра во песок“, рече тој.

Сивков предлага астероидите да се уништуваат со ракети кои имаат термонуклеарни боеви глави но и да се создаде систем на редовна контрола на вселената која ја опкружува Земјата, со цел навремено да се врши детектирање на потенцијалната опасност.

Тој смета дека таквиот систем треба да биде под контрола на “научен совет“, додека бизнисмените, политичарите, војската, не треба да бидат вклучени во процесот на носење одлуки.

Таквиот систем според рускиот офицер би чинел околу 210 милијарди долари, што е една четвртина од воениот буџет на САД за 2018 година.