Научниците открија мистериозен ген во генетскиот код на вирусот SARS-CoV-2, што досега во голема мера беше запоставен, но и скриен од очите на научниците.

Дека новиот коронавирус е многу покомплексен од што се мислеше на почетокот, открија научниците што го анализираа неговиот генетски код. Имено, пронајдоа ген кој досега бил криен.

Новооткриениот ген е наречен ORF3d и претставува пример на таканаречен преклопувачки ген, односно ген во рамките на ген, кој ефикасно е скриен во низата нуклеотиди, поради начинот на кој ги преклопува кодираните секвенци на другите гени.

Кога се работи на големината на геномот, SARS-CoV-2 и неговите роднини се меѓу најдолгите RNK вируси што постојатм објаснува биоинформатичаротт Чејс Нелсон од американскиот музеј на природна историја.

Поради тоа, можеби и посклон кон геномските трикови од другите RNK вируси, додава тој.

Вирусите се генерално склони кон преклопување на гените, па ова само по себе не е шокантно откритие, но дали ORFd3 навистина претставува некој злобен трик на новиот коронавирус, останува да се утврди.

Во контекст на вирусот SARS-CoV-2, овој ген може да претставува сериознa слепа точка. Од избувнувањето на пандемијата, научниците брзо го проучуваа новиот коронавирус за да го разберат што е можно повеќе, и додека дел од генетската структура е откриен, добар дел сè уште не е познат.

Исчезнатите преклопувачки гени нè изложуваат на ризик да ги занемариме важните карактеристики на вирусната биологија. Тие можат да бидат дел од арсеналот и начинот на кој еволуирале коронавирусите за ефикасно размножување, начинот на кој тие го совладуваат имунитетот на домаќинот или начинот на кој се пренесуваат, посочува Нелсон.

Генот ORFd3 е идентификуван претходно, но само кај коронавирусите во Кина кои влијаат на панголините.

На сличен начин, овој ген претходно беше лошо класифициран како ORF3b, ген кој не е поврзан со вирусот SRS-CoV-2, туку со други коронавируси.

Тоа се два гени неповрзани и кодираат сосема различни протеини. Ова значи дека истото знаење што се однесува на ORF3b, не вреди за ORFd3, објаснува Нелсон.

Досега, науката всушност знае само една работа за мистериозниот ген, и врз основа на податоците добиени од обработката на примероци од крв од пациенти со Ковид-19, а тоа е дека стимулира силна реакција на антитела. Но, сèто друго е сè уште непознато.

Сè уште не ја знаеме нејзината функција и дали има клиничко значење. Сепак, предвидуваме дека овој ген најверојатно нема да биде откриен од Т-клетките, во однос на одговорот на антителата, вели Нелсон.