Google Maps е многу корисна апликација, но собира и голем број лични податоци. Имаме неколку предлози како да се заштитите.
Апликацијата ги следи локациите по пат на GPS. Од Google ги користат тие податоци за да го следат вашето движење и активности и со помош на овие податоци да ги подобрат нивните системи.
Еве неколку начини како да го намалите количеството податоци што Google Maps ги собира за вас.
Избришете некои патувања или денови користејќи го Your Timeline
Најбезбедниот начин како да ги сокриете трагите е со бришење на временската линија (timeline) во апликацијата Google Maps, целосно или делумно. Тука се покажуваат локациите коишто сте ги посетиле во различни моменти.
Исклучете ја опцијата Location History
Апликацијата има вклучено следење на историјата на локации. Ги споделува вашите податоци со другите апликации на Google за да можат да ви прикажуваат реклами и други содржини. Доколку не го сакате тоа, може да го исклучите како и автоматски да ги избришете вашите податоци за локацијата на секои 3, 18 или 36 месеци. Кликнете на вашата профилна фотографија и одете во Settings. Во полето за избор изберете Google Location Settings. Најдете ја опцијата Google Location History и кликнете. Ако имате повеќе профили на Google, изберете го оној на кој сакате да направите промени. Потоа ќе се појави опција за бирање на историја на локација. Тука изберете Turn off your location history.
Како некој е приклучен анонимно, Google не ги бележи вашите активности и не ја следи локацијата.
Користете го режимот инкогнито
Кога е вклучен режимот инкогнито, Google повеќе не ја снима вашата активност и не ја следи вашата локација.
Затоа, нема да ги зачувува неодамнешните пребарувања и историјата на локации, а функциите како што се споделување локација, користење офлајн мапа, репродукција на музика нема да бидат достапни…
Кликнете на фотографијата на вашиот профил во полето за пребарување на врвот. Ќе се отвори поле за избор. Притиснете го Вклучи го инкогнито режимот.
За да го исклучите, кликнете на иконата Инкогнито веднаш до полето за пребарување на врвот и изберете „Исклучи го режимот за инкогнито“.
Извор: B92.net