Signal, безбедната апликација за пораки што ја сакаат милиони корисници, моментално ја тестира бета функцијата инспирирана од Stories на Instagram.

На почетокот на месецот, Signal ја информираше заедницата за новата бета функција на своите форуми. Апликацијата објави дека тестирачите наскоро ќе можат да пристапат до новиот начин за споделување фотографии, видеа, па дури и пораки.

Како и на Instagram, приказните автоматски ќе се избришат по 24 часа и може да се споделат со сите Signal конекции, приспособена листа на пријатели или сите групи на корисникот на Signal.

Исто така, во неговата моментална верзија, доколку корисникот ја исклучи функцијата „story“, ја губи можноста да гледа привремени објави на други конекции.

Signal посочува дека споменатата функција се уште е во рана фаза на тестирање, но првите коментари од бета-тестерите се позитивни кога станува збор за овој додаток.