Во пресрет на CES, LG најави нови компјутерски монитори во рамките на UltraFine OLED Pro линија. Новите монитори доаѓаат во големини од 32 инчи и 27 инчи, но инаку се идентични.
Помеѓу останатите карактеристики, новите UltraFine OLED Pro монитори вклучуваат 4K резолуција во формат 16:9 и широк спектар на бои, покривајќи 99% од DCI-P3 и Adobe RGB. Мониторите вклучуваат и сензори за самокалибрација и може да се калибрираат со помош на софтверот LG Calibration Studio. За креативните професионалци, тие ја вклучуваат и хаубата за мониторот за да се спречат рефлексиите на осветлувањето и отсјајот кои можат да влијаат на перцепцијата на боите. Овие монитори се јасно наменети за креативни професионалци.
Секако, ги добивате и инхерентните придобивки од OLED дисплеите, како што е соодносот на контраст од 1.000.000: 1 и индивидуалната осветленост за секој пиксел, овозможувајќи вистинска црна и живописни бои. Екранот поддржува и HDR, има DisplayHDR 400 True Black сертификат. Друга предност на OLED панелите е брзото време на одзив од 1 ms.
Покрај самиот екран, мониторите вклучуваат USB Type-C порт со 90W напојување, на USB upstream порт, три USB downstream порта, еден HDMI приклучок и два DisplayPort влеза. Мониторите поддржуваат и ротација од 90 степени доколку сакате да ги користите вертикално.
Компанијата LG не сподели ништо за цените или достапноста, па сите ќе мора да почекаме за дополнителни информации.