Компанијата Tesla претрпе хакерски напад и притоа cloud профилот на фирмата е користен за „рударење“ криптовалути.
Хакерите пристапиле на сметката на Amazon и дошле до чувствителни податоци на компанијата која се занимава со производство на електрични возила.
Со подетално истражување утврдено е дека доверливите податоци за корисниците, како и доверливите информации за автомобилите не се сериозно загрозени, а експертите истакнуваат дека користењето на облак за „рударење“ е повредно од податоците кои во тој момент се наоѓале на сметката на компанијата.