Американската платформа за онлајн трговија Amazon заработи меѓу 1,5 и 2 милијарди долари за време на промоцискиот Prime Day, имајќи предвид дека купувачите од целиот свет купија повеќе од 100 милиони производи.

Ова предизвика акциите на компанијата да скокнат за околу 0,5 проценти во почетокот на тргувањето на Волстрит, на рекордно високо ниво од 1,858.88 долари, според Reuters.

Најпродавани беа уредите на Amazon за гледање телевизија, Fire TV Stick со далечинскиот управувач Alexa Voice Remote, како и паметните звучници Echo Dot. Годинашниот Prime Day почна на 16 јули и траеше 36 часа.

Од Amazon рекоа дека продале повеќе од еден милион паметни домашни апарати во САД.