Новиот интерфејс обезбедува поголема заштита и уште подобро корисничко искуство
Компанијата Samsung најави дека од денеска ќе започне со воведување на корисничкиот интерфејс One UI 4, најпрвин на серијата Galaxy S21, која ги вклучува моделите Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra. Благодарение на новите опции за персонализација, функциите за приватност и пристапот до растечкиот екосистем на Samsung, One UI 4 обезбедува уште подобра контрола и корисничко искуство.
„Ние сме посветени да обезбедиме најдобро искуство за сите и што е можно поскоро“, изјави Јангхјун Јун, извршен потпретседател и лидер на тимот за софтверски платформи за секторот за мобилни комуникации во Samsung Electronics. „One UI 4 го исполнува тоа ветување и им нуди на корисниците на Galaxy паметните телефони најнови карактеристики за персонализација и приватност. Но, не застануваме тука. Корисниците на други паметни телефони и таблети наскоро ќе можат да уживаат во овој ажуриран софтвер, кој овозможува уште подобро искуство во целиот наш екосистем“.
Galaxy уред на ваш начин
One UI 4 ви овозможува да креирате персонализирано мобилно искуство за да ги задоволите вашите уникатни потреби и да ја изразите вашата индивидуалност. Со широк опсег на бои што се нудат, можете да го промените изгледот на почетниот екран, иконите, менијата, копчињата и позадините. Со редизајнирани графички контроли, кои нудат уште поголема персонализација, сега е полесно од кога било да го ставите вашиот личен печат на искуството со вашиот паметен телефон. Имате поголем избор на емотикони, GIF и стикери директно од тастатурата.
Заштитете го она што е најважно
Нема приватност без силна безбедност. Затоа Samsung со корисничкиот интерфејс One UI 4 ги носи најновите функции за приватност и безбедност за да можете да изберете што точно сакате да споделите или да го чувате доверливо. Од известување кога некоја апликација се обидува да пристапи до вашата камера или микрофон, до нова контролна табла за приватност, која ги спојува сите ваши поставки и контролни функции на едно место, следењето и контролирањето на функциите за поставки за приватност е лесно со One UI 4.
Поврзување со проширен екосистем
One UI 4 ви помага на најдобриот начин да го искористите од Samsung проширениот екосистем на уреди и апликации од други компании, за да уживате во уште помоќно корисничко искуство.
Партнерствата на Samsung со други лидери како Google, гарантираат совршено искуство во користењето на омилените апликации и услуги на други компании. Ова значи дека можете да уживате во апликациите како Google Duo, кој обезбедува висококвалитетни видео повици со пријателите и семејството. Исто така, без разлика дали користите Galaxy Fold, Galaxy Watch или Galaxy Tab, ќе добиете унифициран изглед на сите уреди и ќе можете лесно да ги синхронизирате.
Достапност
One UI 4 ќе биде достапен за серијата Galaxy S21 од 15 ноември, а наскоро и за претходните серии Galaxy S и Note, Galaxy A серијата, како и за моделите на телефони и таблети на преклопување. Од денеска започнува воведувањето на подобрен софтвер за серијата Galaxy Watch, кој им овозможува на корисниците да уживаат во напредните функции за следење на здравјето и новите екрани.