Пред само една деценија мултитаскингот им се припишуваше на многу способни луѓе, кои како да имаат супер моќи и можат да бидат концентрирани и успешни во извршувањето на паралелни задачи. Денес, повеќето луѓе во светот на бизнисот се обврзани да одговорат на неколку активности во исто време секој ден и се разбира, да бидат успешни во тоа. За среќа, паралелно со динамиката на животот се развива итехнологијата.
Вашиот ултра современ асистент
Samsung Galaxy Z Fold3 е вистински деловен асистент за луѓе кои работат цел ден додека се во движење и секако вршат повеќе активности во исто време. Во синергија со S Pen, овој модел носи сосема ново корисничко искуство, во кое поддршката е клучна, а резултатот е зголемена продуктивност, брзина и креативност на корисниците.
Иновациите на новата генерација на Samsung паметните телефони, се прилагодуваат на вас и вашите потреби. Важна карактеристика на уредот Galaxy Z Fold3 е режимот Flex, кој овозможува максимална продуктивност и мултитаскинг без разлика каде се наоѓате. Подобрениот Taskbar го олеснува менувањето на апликациите што ги користите без враќање на почетниот екран, а Multi-Active Window, како практична алатка за подобрување на продуктивноста, може да отвори дури три апликации истовремено. На Galaxy Z Fold3, можете да отворате е-пошта на ист начин како што отворате на вашиот компјутер, а дополнителна придобивка е можноста да се придружите на видео повик на горниот екран додека гледате документи или правите белешки од состанокот на долниот екран. Сето ова ќе ви овозможи многу лесно да ја завршите секоја работа.
Корекции во документите – никогаш полесно
Многумина од нас се враќаат на „завршените“ документи, за да ги доработат. Копирање на одредени делови од текстот и префрлување на други, уредување на презентации и многу други работи. Со опцијата „smart select“, оние делови што ви се потребни за понатамошна работа лесно се копираат и се префрлаат на другата страна. Во суштина, тоа е стара и добро позната опција „copy-paste“ но сега на полесен и поиновативен начин. Исто така, можно е да се направат промени во документите, оставајќи коментари во самиот текст и да се олесни подоцнежната работа.
Добро организиран календар – патот до реализација на планираното
Кога станува збор за организацијата на времето, доколку сè не е на едно место и хронолошки подредено,невозможно е да се изреализираат обврските. Активноста за снимање на календарот Galaxy Z Fold3 5G може да изгледа како чување календар во хартиена форма. Моделот овозможува значајните настани да бидат видливо обележани со ѕвездички, а со употреба на различни бои јасно се категоризираат обврските по тип и приоритет.
S Pen поддршка
За сите предизвици при извршување на повеќе задачи, постои S Pen, кое воедно е и првото S Pen што се користи на уредите на преклопување. S Pen за паметните телефони Galaxy Z Fold3 доаѓа во две опции – S Pen Fold Edition и S Pen Pro, кои се специјално дизајнирани за максимална заштита на главниот екран. Природното ви доаѓа пишувањењето со S Pen, лесно запишувате и скицирате идеи а прецизниот врв го олеснува и уредувањето на кадрите на снименото видео. S Pen Pro никогаш нема да ве изневери, се полни преку USB-C кабел, а кога е целосно наполнето ќе трае до 16 дена.
Повеќе детали за производите можете да видите на линковите:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold3-5g/
https://www.samsung.com/mk/mobile-accessories/s-pen-pro-black-ej-p5450sbegeu/