Во моментов нема многу методи со кои може да се спречи труењето со храна, бидејќи тестирањето на штетни бактерии, како што се ешерихија коли и салмонела, бара специјална опрема и време за да се добијат резултати.
Научниците од Универзитетот во Масечусетс развија апликација за паметни телефони која предупредува доколку во храната има бактерии.
Со помош на апликацијата резултатите за присуство на патогени бактерии ќе стигнува за само неколку минути. Уредот користи чип намачкан со хемикалии, кои може да се врзат и за најмалата присутна количина на бактерии.
За користење на апликацијата е потребен и микроскоп, чија цена изнесува 30 долари.
Во видеото со кое што се прикажува апликацијата, научниците со вода измија потенцијално контаминирам производ, а потоа го ставија чипот во водата. По половина час, микроскопот на екранот покажува дали има бактерии.
Оваа технологија се уште е во фаза на развој, бидејќи не може да разликува добри од штетни бактерии. Научниците продолжуваат со работа на овој изум, за да се пронајде можност за откривање на специфични врсти на бактерии.
Овој производ се уште е далеку од пазарот, но неколку компании кои што се занимаваат со производство на храна се заинтересирани за него.