Темниот или ноќен режим е прилично популарна карактеристика во последно време. Покрај тоа што го олеснува прегледот на содржините и го намалува заморувањето на очите, Dark mode ја намалува и потрошувачката на батеријата, посебно на уредите со OLED екрани.

Не се сите темни режими исти – некои од нив се повеќе сини отколку црни. Ова е случај со постоечкиот Night Mode на Twitter, поради што социјалната мрежа одлучи да го претстави новиот „Lights Out” режим, кој пристигнува во вистинска црна верзија.

Lights Out пристигнува како засебна функција во рамките на оригиналниот Dark mode. Корисниците ќе мораат најпрвин да го стартуваат темниот режим, пред да им станат достапни новите опции. Со функцијата Lights Out, се добива вистинска црна позацина, која би требало да биде полесна за преглед и помалку да ја троши батеријата.

Lights Out со себе донесува и нова функција, која на Android е достапна веќе две години. Наместо едноставната on/off опција, Night modе може автоматски да се менува при разденување или на стемнување.

Моментно Lights Out функцијата е достапна само за iOS, додека Android и веб верзијата на Twitter ќе ја добијат наскоро.