NASA се подготвува за уште еден обид да почне мисија во која планира да ја истражува јоносферата на Земјата. Станува збор за Истражувач на јоносферската врска (ИКОН), кој ќе полета со помош на ракетата Northrop Grumman Pegasus XL која ќе биде исфрлена од специјален авион на 12,1 километар надморска височина, пренесува Engadget.

Авионот наречен Stargazer L-1011 ќе полета од Кејп Канаверал 90 минути пред одвојување на леталото. Според Space.com, првото полетување е одложено поради аномалии на авионот, што значи дека преносот во живо ќе биде закажан за следниот ден, односно во 9 часот наутро в четврток.

Инаку, сознанијата за јоносферата ќе ни помогнат во развојот на аеронаутиката и телекомуникациските технологии.