Ажурирањето, кое ја прави достапна традиционалната функција, ќе стане достапна за сите по тестирањето.

Microsoft објави уште едно ажурирање за Windows 11, кое моментно е достапно за тестерите во Insider каналот.

Ажурирањето имплементира исправки на проблеми со рендерирањето во рамките на таскбар и Старт менито, некои грешки со јачината на Bluetooth звукот, проблеми со стартување 32-битни апликации и многу повеќе.

 

Интересно е што корекцијата ќе опфати една козметичка промена. Windows 11 досега го користеше црниот екран на смртта (Black Screen of Death), а ажурирањето ќе ја промени бојата на црниот екран во сина, што беше традиција во претходните верзии на Windows.