Остатоци од древен град со пирамиди, некогаш густо населен како Менхетен, се наоѓаат во срцето на Мексико. Благодарение на модерната ласерска технологија, градот е лоциран, но за да се дојде до него со користење традиционални методи на археолошки истражувања на самото место, ќе требаат 20 години за да се соберат што повеќе податоци.
Со користење на технологијата LiDAR што е акроним за “светлосно откривање и мерење” (light detection and ranging), од авион се испраќаат ласерски светла до земјата, по што се мерат повратните импулси и се составува карта на регионот. Со овој метод, истражувачите неодамна откриле голем антички град на Маите скриен во густите џунгли во северна Гватемала.
Сега со помош на оваа високо-технолошкиот техника е откриен еден “изгубен” град на пирамидите, познат како Ангамуко, изграден од народот Пурепеча или Тараско, кои биле ривали на Ацтеките пред околу 1000 години.
Градот бил изграден од Империјата на Пурепеча пред околу 1100 години на територијата на денешната мексиканска држава Мијокаан во сенката на вулканот Парикутин.