По изгубениот спор на суд во Германија за нарушување на приватноста на корисниците, Facebook изгуби уште еден ваков случај на суд, а овојпат оштетата е астрономска.
Белгиски суд донесе одлука во која нареди Facebook да плати парична казна од 100 милиони евра за нарушување на приватноста на корисниците. Казната ќе се наплаќа во износи од 250.000 евра дневно, сѐ до целосна исплата на максималниот износ.
Двата судски процеси беа многу слични, а белгискиот се однесува на собирање на податоци за корисниците преку надворешни страници преку опцијата „сподели“ на Facebook.
Покрај парична казна, белгискиот суд донесе одлука дека Facebook е должен да ги избрише сите податоци за белгиските корисници собрани на тој начин, односно надвор од социјалната мрежа.
Во германската и во белгиската пресуда стои дека Facebook слабо ги информира своите корисници за начинот на кој ги собира овие податоци и дека не бара никаква дозвола кога е во прашање собирање и складирање на вакви податоци.