Google го претстави новиот производ, Gmail Go, кој е последниот во низата апликации од линијата „Go“, кои се всушност за нијанса послаби верзии на оригиналните апликации.
Апликациите од линијата „Go“ се наменети за телефони со основни спецификации и послаби процесори, или за корисници кои се наоѓаат во места со лоша конекција и скапи цени за интернет. Go апликациите зафаќаат помалку место во меморијата, не го оптоваруваат процесорот додека истовремено ги обавуваат сите основни функции.
Gmail Go ќе ви овозможи да имате неколку профили, автоматски ќе ги филтрира промотивните меилови и истовремено ќе ги приоретизира меиловите од пријателите и семејството, ќе ви покажува нотификации за секој стигнат меил, ќе има меморија до 15 GB и ќе ви дозволи да ги читате меиловите во вашиот инбокс додека сте исклучени од интернет.
Меѓутоа, некои од додатните функции нема да бидат вклучени како во матичната апликација. На пример, нема автоматски да ги покажува сликите без да стиснете на нив, за да заштеди ROM и RAM.
Оваа апликација не само што зафаќа многу помалку место во меморијата на вашиот телефон, туку и троши многу помалку интернет од матичната Gmail апликација.
Gmail Go е достапна сега на Google Play, и таа им се придружува на останатите Go апликации како YouTube, Google Files и Google Chrome Go.