Компанијата Vivo донесува нов телефон во средниот сегмент на пазарот, наречен Vivo S10e. Телефонот има 6,4-инчен AMOLED дисплеј, со FHD+ резолуција и засек за 32MP селфи камера.
Уредот пристигнува во три бои – White Gradient, Haze Blue и Glaze Black, а има дебелина од 7,95 милиметри и тежина од 175 грама.
MediaTek Dimensity 900 чипсетот го покренува телефонот, заедно со 8GB RAM и 128/256 GB меморија. На задната страна се наоѓа главната камера од 64MP, како и 8MP ултра-широк сензор и 2MP сензор за длабочина.
Уредот го напојува батерија со капацитет од 4000mAh, со поддршка за брзо полнење од 44W, додека на полето на софтверот е достапен Android 11 со OriginOS на компанијата Vivo.
Цената на Vivo S10e изнесува околу 375 долари за 8/128 GB моделот и околу 405 долари за верзијата со 8/256 GB.