Дојавувачот Digital Chat Station објави нови информации за телефонот Oppo Reno7 Pro. Тој сугерира дека уредот ќе има Sony IMX766 камера сензор од 50MP.
Sony IMX766 е прилично популарен сензор во компанијата Oppo, бидејќи веќе е имплементиран во Reno6 Pro+ телефонот, како и во моделот Reno6 Pro со Snapdragon чип. Сензорот го користат и други производители, како што се OnePlus, Realme, Vivo …
Се работи за 1/1.56″ сензор со 50MP резолуција и 1.0µm изворни пиксели (кои достигнуваат до 2.0µm со 4-in-one спојување). Исто така, поддржани се DOL-HDR и All-Pixel автофокус.
Не е познато дали Oppo Reno7 Pro ќе биде истиот телефон што го развива компанијата во соработка со Kodak, а би требало да има два 50MP Sony IMX766 сензори.