На интернет се појави првата фотографија од новиот модел 488 GTO на италијански Ferrari кој што наводно бил презентиран пред одбрано друштво на потенцијални купувачи.
Не така бистра фотографија се појави на Instagram и иако набрзо била избришана, сепак веднаш фотографијата се прошири на социјалните мрежи и специјализираните портали за автомобилизам.
Откако претходно на интернет се појави фотографија на презентациски слајд на новиот 488 GTO, сега се појави и фотографија од самиот модел и може да се заклучи дека станува збор за истиот автомобил, пред се поради идентичните воздушни „тунели“ на предниот браник.
Официјалната премиера на новиот адут на италијанскиот производител на суперавтомобили е закажана за Саемот за автомобили во Женева, Швајцарија кога и дефинитивно Ferrari ќе го претстави 488 GTO.
Засега е познато дека 488 GTO ќе користи тркачки 3,9-литарски twin-turbo V8 мотор кој што располага со сила од 700 коњски сили, а автомобилот од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за само 2,7 секунди.