Откако пред неколку дена протекоа информации, Samsung сега и официјално го објави Samsung Galaxy J4 Core. Во прашање е вториот Android Go смартфон на Samsung, кој веројатно ќе биде добро прифатен на пазарите во развој.

Дисплејот на телефонот е LCD, со големина од шест инчи и со HD+ (720 x 1480) резолуција. Чипсетот е Exynos 7570 Quad, со четири Cortex-A53 CPU јадра на 1.4GHz.

RAM меморијата е со капацитет од 1 GB, а тука е и 16 GB просторот за складирање проширлив до 512 GB преку microSD картичка. На задната страна се наоѓа главната камера од 8MP (f/2.2), додека на предната страна е сместена 5MP селфи камера (f/2.2).

Батеријата е со капацитет 3300mAh, а оперативниот систем пристигнува во облик на Android Go платформата, базирана на 8.1 Oreo софтверот.

Samsung не ја објави цената и достапноста на J4 Core моделот, а се знае дека телефонот ќе биде достапен во црна, сина и златна варијанта