Sony креираше своевиден хибрид помеѓу звучници и слушалки. Моделот SRS-NS7 на компанијата претставуваат преносни звучници, кои можат да се постават околу вратот на корисникот.
Според компанијата, уредот може да им понуди на корисниците „извонредно домашно кино искуство“, без потреба од поголем систем звучници за сараунд звук.
Sony SRS-NS7 звучниците нудат поддршка за Dolby Atmos, но на корисниците ќе им биде потребен Sony Bravia XR телевизор и WLA-NS7 безжичен предавател. Потоа, можно е да се користи 360 Spatial Sound Personalizer придружната апликација, кој креира фотографија од увото на корисникот и се обидува да го оптимизира најдобриот звук врз основа на неа.
SRS-NS7 ќе работат и со други уреди кои не се телевизори. Sony истакнува дека звучниците можат да се спарат со телефонот и да се ужива во 360 Reality Audio од стриминг услугите како Deezer и Tidal. Можно е и поврзување со компјутери и таблет уреди.
Кога станува збор за цената, Sony SRS-NS7 звучниците чинат 300 долари, додека WLA-NS7 трансмитерот чини 60 долари.