Компанијата Google претстави нова алатка со која корисниците може да видат дали на дестинацијата каде што одат има шумски пожар.
Address Maker е најновата апликација, која ќе помогне во брзо време да се креира преку Plus Codes цела серија на адреси за градовите и селата кои се загрозени од пожари. На тој начин, граѓаните преку апликацијата за навигација Google Maps во конкретните региони ќе можат да бидат навремено известени за шумски пожар во нивната непосредна средина.
Today we’re introducing Address Maker, a free smartphone app that helps governments and nonprofits quickly create Plus Code addresses for entire towns or villages.
This shortens a process that used to take years down to as little as a few weeks. #SearchOn pic.twitter.com/njZG7QDtz2
— Google Maps (@googlemaps) September 29, 2021
Google објави дека владите на САД, Гамбија, Кенија, Индија и Јужна Африка веќе го користат Address Maker, како би овозможиле навремено известување до граѓаните за опасноста од пожари.
Оваа нова опција преку Google Maps ќе биде достапна претстојната недела преку Android и iOS, додека во октомври е планирано да се објави и десктоп верзијата. На почетокот најмногу податоци ќе има за САД, но од компанијата планираат да ги подобруваат верзиите и за другите земји во следниот период.