Многу луѓе се загрижени поради ширењето на дезинформации на интернет, и ова е алатка што треба да им помогне да се справат со тоа
Google ја интензивира борбата против дезинформациите во теми што корисниците ги бараат со додавање на официјални информации и контекст. Целта е корисниците да бидат посвесни за изворот на информацијата што ја бараат и за нејзиното значење за вистинитоста.
Ова значи дека во иднина, покрај резултатите од пребарувањето, ќе има описи на страници, прегледи и информации од трети страни. Тие ќе бидат во делот „About this result“, достапни со кликнување на трите точки до добиениот резултат од пребарувањето, пишува Washington Post.
Менаџерот за производи на Google Consumer Trust, Харис Коген вели дека има многу информации што доаѓаат од различни извори, од кои многу се непознати.
„Многу луѓе се загрижени поради ширењето на дезинформации на интернет, и ова е алатка што треба да им помогне да се справат со тоа“, изјави Коен.
Извор: Telegraf.rs