Откриена е закрпа, која укажува на тоа дека Intel подготвува нова функција која може да ја заклучи опцијата за активација на софтверско ниво.
Информациите од закрпата укажуваат на нова функција, под името “Intel Software Defined Silicon” (SDSi), која ќе дозволи да бидат овозможени дополнителни опции за процесорот, откако е веќе произведен. Функцијата е во целост заснована на софтвер и работи преку активирањето на лиценцата која може да ја купи корисникот.
Информациите од оваа закрпа не нудат детали за специјалните функции кои SDSi би можел да ги додаде. Меѓутоа, функцијата е моментно лимитирана на linux системите, а се сугерира дека Intel сега планира да ја имплементира само на своите Xeon процесори.
SDSi може да претставува напор на Intel да продава поевтини процесори, така што ќе занемари некои функции кои не им се потребни на сите корисници.
Од друга страна, на оние корисници на кои им е потребно повеќе, ќе им биде достапна лиценца која можат да ја купат, а при тоа да не купуваат целосно нов процесор.