Корисниците немаат преголем избор кога станува збор за компактни тастатури – многу од нив се механички и дизајнирани за гејмери ​​и ентузијасти. Logitech сега има алтернатива која повеќе ќе им одговара на некои корисници.

Logitech ја претстави мини безжичната тастатура MX Keys, која го намалува оригиналниот дизајн на MX Keys моделот во помал, минималистички облик.

MX Keys Mini нема дел со броеви или други елементи на тастатурата во целосна големина, но го чува Perfect Stroke системот, кој комбинира свичеви кои не се механички со копчиња што ја подобруваат точноста на пишување. Постојат и неколку нови функции, кои не постојат на поголемите тастатури. Ова вклучува копче за диктирање за Mac и Windows, компјутери, копче за исклучување на микрофонот и копче за емотикони.

Mini тастатурата поддржува Android, ChromeOS, Linux, iOS и iPadOS преку Bluetooth илиUSB рисивер, а можно е да се спарат до три уреди. USB-C брзото полнење ќе овозможи брзо додавање на повеќе часа работа доколку тоа е потребно.

Logitech MX Keys Mini тастатурата е достапна по цена од 100 долари, во темно сива, сребрена или розева боја.