Компанијата Facebook ги стопираше плановите за лансирање „Instagram за деца“. Овој проект беше намнет за помлади од 13 години и идејата застана кога „Волстрит журнал“ објави дека едно интерно истражување утврдило оти оваа социјална мрежа е токсична за тинејџерки.
„Во наредниот период ќе се консултираме со родители, експерти, креатори на политики и регулатори“, рече Адам Мосери, шефот на Instagram.
Instagram налага корисниците да имаат најмалку 13 години за да може да отворат профил, но признава дека тоа тешко се регулира во пракса.
Според Мосери, подобро е да постои „Instagram за деца“ од 10 до 12 години отколку да се потпираат на способноста на апликацијата да ја потврдува возраста.
„Реалноста е дека децата веќе се на интернет“, рече Мосери.
Според истражувањата од 2020, се покажа дека речиси 32 проценти од тинејџерките што имаат лошо мислење за сопственото тело уште полошо се чувствуваат кога се на Instagram.