Samsung Galaxy M52 5G наскоро ќе биде официјално претставен, а веќе имавме шанса да ги дознаеме спецификациите и дизајнот на уредот. Сега има повеќе детали за екранот, а новите рендери ни даваат подобар увид во изгледот на задниот дел на уредот.

Извештајот сугерира дека телефонот ќе има 6,7-инчен Super AMOLED дисплеј, со 2400 x 1080p резолуција и 120Hz стапка на освежување. Центрираниот punch-hole отвор ќе имплементира селфи камера од 32MP.

Рендерите ја покажуваат задната страна дел на телефонот со вертикални ленти, а се верува дека Samsung користел пластика за дизработка на куќиштето на уредот.

Samsung Galaxy M52 5G би требало да има и Snapdragon 778G чипсет, 6/8 GB RAM и 128 GB меморија, додека на полето на камери ќе биде достапен 64MP главниот сензор, како и 12MP ултраширок сензор и 5MP сензор за длабочина.