Дојавувачот Digital Chat Station објави дека следниот премиум телефон на Oppo ќе го користи новиот Sony IMX766 сензор.
Според наводите, кинескиот производител соработува со компанијата Kodak за развој на телефони, со што се обележува дизајнот на класичниот Kodak фотоапарат (од придружната фотографија).
Во срцето на системот за камери на овој уред ќе биде Sony IMX766 50MP 1/1,5″ сензор. Како и кај новиот премиум модел Find X3 Pro, сензор со иста големина ќе биде зад ултра-широката камера на телефонот.
Се очекува дека 13MP 2x телефото и 3MP микроскоп камерите ќе бидат позајмени од Oppo Find X3 Pro моделот.
Засега нема други детали за следниот премиум телефон на Oppo, но се очекува дека повеќе информации ќе бидат достапни наскоро.
Поврзани артикли