TikTok го престигна YouTube во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.
App Annie спроведе ново истражување и објави дека корисниците на апликации повеќе време поминуваат на TikTok отколку на YouTube.
Видео клиповите во САД и Велика Британија повеќе се гледаат во просек на TikTok отколку на YouTube, што е интересно само по себе.
Сепак, YouTube и натаму има повеќе корисници од TikTok.
App Annie, кој го анализира комерцијалниот пазар и социјалните мрежи, соопшти дека YouTube има две милиојарди корисници, додека TikTok има 700 милиони.
И покрај тоа што TikTok има речиси три пати помалку корисници, оваа услуга повеќе се користи.