Веќе извесно време знаеме дека Realme планира да го претстави својот прв таблет – Realme Pad. Уредот се очекува во следните недели, а можниот датум на објавување е 9 септември.
Сега се појавија информации дека претстојниот таблет ќе го покренува осумјадрен MediaTek Helio G80 чипсет. Ако ова се оствари, би требало да се работи за таблет уред со прифатлива цена, наменет за понискиот пазарен сегмент.
Се очекува дека Realme Pad ќе има 10,4-инчен дисплеј, со рамки со израмнета дебелина, а димензиите на уредот ќе изнесуваат 246,1 x 155,8 x 6,8 мм.
На задната страна, достаоните фотографии прикажуваат сиво-црна варијанта, а таблетот има една камера во горниот лев агол. Се очекува дека оваа камера ќе има 8MP (f/2.8) сензор.
Се наведува дека таблетот ќе се испорачува со соодветно паметно пенкало, кое може да се смести во слотот на десниот раб на уредот.