Меѓународната вселенска станица е дестабилизирана откако случајно се активираа моторите на новиот руски модул, пренесе BBC.
NASA потврди дека дојде до дестабилизација, но тимовите на контрола на мисијата преземаа активности и направија корекции, така што сите системи работат нормално.
Корекцијата е направена, а во тек е истрагата за случајното активирање на моторот на рускиот модул. Американски и руски експерти изјавија дека седумте астронаути на Станицата во ниту еден момент не се нашле во опасност.
Грешката на рускиот модел наречен Наука се случи кога тој се спои со Станицата во четвртокот, по осум дена лет. Во текот на инцидентот имаше и прекин на комуникацијата со екипажот којшто траеше неколку минути.
Инцидентот ги принуди NASA и Boeing да го одложат денешниот тест лет без екипаж планиран за леталото Starliner. Новиот лет е закажан за 3 август.
Модулот Наука е долг 13 метри и тежок 20 тони, споен е со задната страна на Станицата.