Сите гејмери, без оглед дали се сметаат себеси за аматери кои играат во слободно време или за вистински виртуелни професионалци, секогаш следат што се случува во светот на видео игрите. Секоја година, на социјалните мрежи и специјализираните портали за видео игри ги следиме новитетите на гејминг издавачите за престојните наслови. Од надградби и продолженија, подобра графика, напредна вештачка интелигенција до приказни кои го одземаат здивот, секогаш чекаме со нетрпение – што е следно? Сите овие изговори се од долго играње во ноќта, она кога следниот ден ќе се разбудиме уморни, но насмеани. ?
И оваа година, со нетрпение го очекуваме доаѓањето на новите продолженија на врвните видео игри, или нешто сосема ново што светот на игри сè уште не го видел. Голем дел од гејмерите, според она што нѝ е најавено, ќе можат да играат на своите телевизори кои во 21-от век не се само екран за гледање вести, серии и филмови. Современите телевизори, освен како домашни асистенти и фитнес-советници, служат и како вистински гејмерски ѕверови за играње повеќе часа без престан. Со одличните гејмерски телевизори, како новата серија на Samsung Neo QLED, немаме чувство на вина кога ќе се заборавиме играјќи, бидејќи сè работи едноставно – совршено.
Ги издвојуваме претстојните 5 видео игри кои гејмерите со нетрпение ги очекуваат, а кои кога ќе бидат официјално претставени, се очекува да донесат неверојатно гејминг искуство. Сигурни сме дека и вие не можете да ги дочекате! ????
„Far Cry“ отсекогаш била и останува возбудлива видео игра. Специјално дизајнираната игра на герилскатавојна, каде што играчот независно ги неутрализира непријателските бази со планирање, стратешко размислување, прикрадување и брзи реакции, врежанa во срцата на сите гејмери на планетата. Најновото продолжение, кое според најавите можеме да го очекуваме на 7 октомври 2021 година, се враќа во тропско опкружување на карипскиот остров Јара, исто како што ја паметиме оваа игра. Во игрите на Far Cry воопшто, атака во најновата верзија, важно е да имате добар звучен систем токму за да го слушнете шушкањето на чуварите додека им пристапувате. Можеби треба да размислите за купување на Samsung soundbar, кој во комбинација со Neo QLED телевизорите создава специјално Q-symphony чувство?
Секој што имал PlayStation во својот животот сигурно знае за оваа игра. Новите гејмери се фасцинирани од нивото на реализам и го чувствуваат адреналинот по кој се познати тркачките игри, додека оние поискуснитегејмери знаат дека оваа игра обединува многу генерации. Колку пати сте се собрале со пријателите и сте играле Gran Turismo едни против други? ? Секако, многу пати и затоа оваа игра носи многу носталгични моменти. Претстојниот Gran Turismo 7 ќе биде ексклузивен за PlayStation 5, а неговото очекување до 2022 година е возбудливо, бидејќи нѐ очекува вистинско искуство при возење од следната генерација.
Последната генерација на игри на PlayStation беше обележана со игри од отворени светови. Гејмерите знаат зошто е тоа така – во вакви игри, играчот има скоро неограничени можности каде да се движи и какви задачи и мисии ќе изврши, а тука е и собирањето на оружје. Во ваков стил, на крајот од оваа година нè чека и Horizon Forbidden West, каде можеме да ја видиме борбата против механичките ѕверови во играта, а приказната е придружена со закана од црвена чума која се појавува на поранешната територијата на Калифорнија. За модерните игри, потребен е и модерен уред за игри, поради кој ќе уживате во истражување на овој неверојатен свет во високата 8K резолуција обезбедена од модерните Neo QLED телевизори.
„A Choice From The Gods Is As Useless As The Gods Themselves“… ⚔️ ⚔️ God of War отсекогаш бил, е и ќе остане култен наслов на игри, како и неговиот протагонист Kratos. Веројатно и затоа најмногу го очекуваме, но навистина не знаеме многу за тоа освен што е планирано за 2022 година. Можеби на тој начин е уште подобро, бидејќи кога конечно ќе можеме да го приклучиме на нашите телевизори, сигурни сме дека нема да можеме да застанеме од играње во следните неколку дена. Засега, останува само да се задоволиме со логото!
За оние кои сакаат пукање и воени мапи со повеќе играчи, Battlefield е играта измислена за нив. По враќањето на „своите корени“ во претходниот наслов каде дејствието се одвива во Втората светска војна, новиот Battlefield ќе се одржи во иднината. За новото продолжение сè уште не се знае многу исто како и со God of War, но се знае дека поддржува битки до 128 играчи одеднаш, како и приказна заснована на еден голем, динамичен конфликт. Неговото пристигнување е најавено за 22-ри октомври оваа година!
Samsung Neo QLED телевизорите се совршени гејмерски ѕверови кои со своето богатство од технологија, го прават секој час играње вистинско задоволство. Затоа овие претстојни гејминг наслови ќе бидат вистинско уживање за секој гејмер, без оглед дали се занимава со игри професионално или користи видео игри како начин за релаксација после работа.
Пречекајте ги спремни новите игри со Samsung Neo QLED телевизорите, а повеќе информации за достапните модели можете да погледнете на https://www.samsung.com/mk/tvs/?neo-qled
Поврзани артикли