Realme од минатиот месец навестува два нови производи кои ќе ги понуди на пазарот. Во прашање се Realme Book и Realme Pad – лаптоп и таблет – но за двата уреда не се понудени повеќе детали веднаш на стартот.

Сега Realme Book лаптопот е забележан на 3C листинг, каде е сертификуван со полнач со ознака VCA7JECH и брзина на полнење од 65W (20V @ 3.25A).

Лаптопот доста потсетува на MacBook Air и некои Huawei Windows модели. Има два USB-C порта од левата страна, додека од десната страна се наоѓаат 3.5 мм приклучок и USB-A порт. Лаптопот ќе има и 14-инчен FHD LED екран со 3:2 однос на страници.

Се очекува дека Realme Book ќе користи Intel H35 или H45 CPU, односно Core i3 процесор за основната варијанта и Core i5 за посилниот модел. Засега нема информации за цената и достапноста на Realme лаптопот.