WhatsApp издаде соопштение и ги предупреди корисниците дека нивните налози ќе бидат избришани доколку имаат одредени апликации инсталирани на паметниот телефон.
Прво ќе го суспендира вашиот профил, а потоа ќе ви испрати последна порака на предупредување дека вашиот профил е укинат и да го избрише засекогаш, како и дека имаат право тоа да го направат.
Ако го направите тоа што го бараат од вас, нема да дојде до тоа.
Ако имате WhatsApp Plus, GB WhatsApp или било која друга апликација по моделот на оние што го копираат WhatsApp, вашиот профил ќе биде суспендиран, а потоа и изгасен ако не ги избришете.
Со користењето на овие апликации, ги прекршувате правата за приватност и безбедност на WhatsApp, кои сте ги прифатиле кога сте ја инсталирале апликацијата.