Нов голем чекор за американскиот производител

Model Y е автомобил за кој Елон Маск во повеќе наврати изјави дека ќе биде најпродаваниот автомобил на Tesla на глобалниот пазар. Наводно, таков успех не може да дојде без учество на европскиот пазар, кој е сè поотворен за електричните автомобили.

Tesla веќе започнала да прифаќа нарачки за Model Y од европските земји, а првите примероци треба да бидат доставени во септември оваа година. Американскиот бренд најпрво ќе започне да ја испорачува варијантата Long Range, односно изданието со најдолга автономија.

Во почетокот, Model Y за европските купувачи ќе пристигнува од фабриката во Шангај. Но, нема да трае долго, бидејќи овој електричен кросовер ќе се произведува во новата фабрика во близина на Берлин.

Малку чудно, но на почетокот Tesla нема да испорачува од „кинеските“ единици од споменатиот автомобил во неколку европски земји, пред се во Англија, но и во Ирска и Романија…

За Европјаните ќе бидат достапни две варијанти на Model Y: Long Range и Performance. Првата може да се пофали со домет од 505 километри, максимална брзина од 217 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h за само 5 секунди. Втората верзија нуди подобри перформанси, но и пократок дострел од 480 км. Максималната брзина оди до 241 km/h, а спринтот до 100 km/h трае само 3,7 секунди.

Познавачите на ситуацијата околу Tesla ќе видат дека истакнатите бројки се малку поинакви од оние за Model Y за американскиот пазар. Во странските медиуми се шпекулира дека опсегот е помал поради примената на WLTP циклусот, но stoi и фактот дека, на пример, за изданието Performance, максималната брзина е намалена од 250 на 241 km/h .

На крајот и за цените. Цените во суштина варираат од земја до земја. Во Германија, за Long Range, потребно е да се издвојат 56.990 евра, а за Performance 63.990 евра.