За претстојниот смартфон на Samsung – Galaxy S21 FE се зборува веќе неколку недели, а додека се очекува неговото претставување, откриени се некои од спецификациите на уредот.
Листата на откриени спецификации не е целосна, но познато е дека ќе има 6,4-инчен AMOLED екран со фреквенција на освежување од 120Hz. Го напојува батерија до 4.500 mAh, а неговите димензии изнесуваат 155,7 x 74,5 x7,9 мм. Тоа значи дека е нешто помал од се уште актуелниот модел Galaxy S20 FE со димензии 159,8 x 74,5 x 8,4 мм, а тоа е веројатно резултат на помалиот екран.
Уредот ќе го покренува Exynos процесор, а ќе поддржува 45W брзо полнење.
Samsung Galaxy FE ќе го користи оперативниот систем Android 11.