Минатиот месец, OnePlus и Oppo го најавија своето спојување, со оглед на тоа што двата бренда се филијали на компанијата BBK Electronics.
Сега, во расплетот на овие настани се сугерира дека OxygenOS на компанијата OnePlus е подготвен за спојување со Oppo ColorOS. Овие информации пристигнуваат од објава на форум, која ја официјализира Гери К, водач на OxygenOS тимот. Тој истакнува дете двете компании работат на интегрирање на кодот за OxygenOS и ColorOS.
Се истакнува дека овој потег ќе им помогне на компаниите OnePlus и Oppo да постигнат подобра ефикасност и да го стандардизираат софтверското искуство во своите екосистеми. Се сугерира дека корисниците веројатно нема ни да забележат промени, бидејќи тие се случуваат во позадина.
OnePLus го објави и планот на надградба на своите телефони на Android. На тој начин, OnePlus 8 и поновите серии ќе добиваат три поголеми Android ажурирања и четири години сигурносни надградби. OnePlus Nord и Nord CE ќе добијат две поголеми Android и три сигурносни ажурирања, додека буџетската Nord N серија ќе добие едно поголемо Android и три безбедносни ажурирања.
Поврзани артикли