Оние кои имаат iPhone SE 2 или понов модел веќе можат да ја преземат новата верзија на оперативниот систем на Apple – iOS 17.

Откако одржа голема презентација на новите iPhone и паметни часовници, Apple објави дека новата верзија на мобилниот оперативен систем на компанијата, iOS 17, е достапна за преземање од 18 септември.

Следниве модели на iPhone ќе добијат ажурирање iOS 17:

  • iPhone SE 2
  • iPhone XR
  • iPhone XS, XS Max
  • iPhone 11, 11 Pro, 11 Pro Max
  • iPhone 12, 12 Pro, 12 Pro Max, 12 mini
  • iPhone 13, 13 Pro, 13 Pro Max, 13 mini
  • iPhone 14, 14 Plus, 14 Pro, 14 Pro Max
  • iPhone 15, 15 Plus, 15 Pro, 15 Pro Max

Патем, iOS 17 носи голем број на нови промени. Секој од iPhone-ите што има услови да го инсталира новиот оперативен систем ќе добие подобрени основни апликации, системот Check In и функцијата StandBy. Но, некои работи сепак ќе бидат резервирани само за поновите модели.

Како што беше најавено на почетокот на јуни, корисниците на iPhone 12 и поновите модели ќе можат да користат реакции засновани на гестови во проширена реалност на FaceTime, додека оние со постари модели на iPhone нема да можат да го прават тоа.

Поновите iPhone-и, исто така, ќе добијат подобрувања за автоматска корекција на печатните грешки, додека моделите Pro ќе имаат нова функција за пристапност Point и Speak, која им помага на лицата со оштетен вид и слепите лица да комуницираат со текстот во нивната околина.