Професор од универзитетот MIT објасни дека моментно живееме во свет каде што победникот го зема најголем дел од пазарот.
Професорот по економија на престижниот MIT универзитет, Дејвид Аутор на Светскиот економски форум во Давос изнесе свое предвидување дека денешните технолошки компании, како што е Facebook, ќе ја доживеат истата судбина како и доминантните компании од минатото кои денес не постојат.
Дејвид во текот на еден панел во Давос го постави прашањето “дали можеме да живееме во свет на монопол?”
Професорот од MIT објасни дека моментно живееме во свет каде што “победникот го зема најголем дел од пазарот” и каде што мала предност во однос на конкуренцијата дава огромна предност.
A bold prediction from David Autor, economic s prof at MIT, at #Davos2018 on digital monopolies: “I would guess Facebook would be almost non existent 20 yrs from now”. Let’s hope so
— jeremy warner (@JeremyWarnerUK) January 23, 2018