Instagram полека ја отвора можноста линковите на социјалната мрежа повеќе да се делат во рамките на Stories.
Компанијата истакна дека моментно ја тестира опцијата да се овозможи повеќе луѓе да имаат опција да додаваат линкови во рамките на Stories, но не во постоечкиот формат. Наместо тоа, алтернативниот метод би ја вклучувал можноста за додавање стикери во Stories, кои корисниците можат да го притиснат за да го отворат линкот.
Според наводите на официјално лице на Instagram, ова е само најава за иднината која компанијата ја планирала за својата платформа. Во овој момент, со оглед на тоа дека е во прашање тест, функцијата не можат да ја користат сите.
Исто така, изгледа дека карактеристиката е полу-ексклузивна за оние луѓе кои имаат поголемо влијание на платформата, кои имаат предност во однос на стандардните корисници, но се очекува во иднина да биде достапна за сите.