Сензорот од 200MP ќе го произведува јужнокорејскиот гигант Samsung, но сепак постои голема веројатност дека Xiaomi ќе биде првиот што ќе го користи.
Сензорот ќе има резолуција од 192MP и ќе поддржува спојување на 16 пиксели во еден, со што би работел на точно 12MP излезна резолуција. Покрај сечењето слики, овој сензор би требало и да го поддржува оригиналното зумирање од 4k.
За сето ова ќе биде потребна многу моќ, што ќе ја испорача SM8450, наследникот на Snapdragon 888, познат и како Snapdragon 895. Овој чип ќе биде направен во процес од 4 nm и ќе го има јадрото од следната генерација Krio 780 CPU (базиран на новата архитектура ARMv9), новиот Adreno 730 GPU и новиот X65 5G модем.
Неговиот екран ќе има закривени страни и една вдлабнатина за камерата. Затоа, треба да се очекува дека камерите под екранот ќе мора да почекаат уште малку.
Засега не е ни јасно на која серија Xiaomi ќе му припаѓа телефонот. Првиот телефон од 108 мегапиксели беше експерименталниот Mi Mix Alpha, проследен со Mi CC9 Pro, кој на глобално ниво е претставен како Mi Note 10 (Pro). Секако, тие имаа чипсети Snapdragon 700 од средна класа, а не водечкиот чип.
Едно е јасно, сепак, овој телефон нема да излезе оваа година – може да видиме презентација кон крајот на декември и почетокот на јануари, како што беше со Mi 11. Треба да се има предвид дека временската рамка најверојатно ќе биде одредена со достапноста на чиповите.
Извор: B92.net
Поврзани артикли