Apple ја објави својата iPhone 12 Pro серија со систем на тројна камера, од кои едната е камера со ултраширок објектив. Корисниците можат да се префрлаат помеѓу леќите, но имаат фиксен фокус.
Познатиот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо сега наведува дека тоа ќе се промени со iPhone 13 линијата. Според неговите предвидувања, iPhone 13 Pro моделите ќе продолжат да користат ултра широкoаголнa камера, но ќе добијат и опција за автоматски фокус.
Куо тврди дека, покрај автофокусот, Apple ќе направи и други дополнителни измени кај објективот, кој наместо пет елементи, ќе има шест. Ова треба да овозможи поквалитетни фотографии и видеа. Овие промени ќе бидат лимитирани на iPhone 13 Pro и Pro Max, додека на другите модели на iPhone ќе се прошират во текот на 2022 година.
Во овој момент, се очекува дека iPhone 13 серијата ќе биде претставена во септември.
Поврзани артикли