Една од најинтересните информации, за која дознавме во текот на објавата на новиот Windows е дека Microsoft ги донесува Android апликациите на Windows 11. Android апликациите ќе можат да e покренуваат оригинално на Windows 11 и ќе бидат преземени од Amazon Appstore преку новата Windows продавница, која ќе биде интегрирана во оперативниот систем.
Апликациите ќе бидат прикажани во новиот Windows store, а Microsoft склопи и партнерство со Intel. Ќе ја користи Intel Bridge технологијата за да ја овозможи оваа функција. Android апликациите за Windows 11 може да се закачат во taskbar или да се постават со традиционалните Windows апликации.
Microsoft го демонстрираше TikTok кој работи на Windows 11. Компанијата ја прикажа и Windows продавницата, во која се наведени Ring, Yahoo, Uber и други апликации за Android и се очекува целосен пристап до она што се наоѓа на Amazon Appstore.
Не е познато колку точно постоечки уреди ќе ги поддржуваат Android апликациите со Windows 11, со оглед на тоа што компатибилниот хардвер ќе мора да ја поддржува Intel Bridge технологијата.
Microsoft веќе со гоидни ја истражува идејата за покренување на Android апликациите изворно на Windows и оваа имплементација претставува значаен исчекор во работењето на компанијата. Microsoft веќе некое време го прифаќа Android како мобилна верзија на Windows, а сега сите тие мобилни апликации ќе можат да се покренуваат и на Windows 11 платформата.
Microsoft го претстави оперативниот систем Windows 11 (ВИДЕО)